Утрински Весник
Економија

Заев: Поквалитетен живот за граѓаните, економски раст со Предлог буџетот за 2022

Заев: Поквалитетен живот за граѓаните, економски раст со Предлог буџетот за 2022

Повисоки стапки на економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните се во фокус на оваа Влада. Во тој правец е димензиониран и Предлог-буџетот за 2022 година, напиша на својот Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Според напишаното вкупните приходи се за 7,4% повисоки од 2021 година и се планирани на 238,9 милијарди денари.

Вкупните расходи, вели Заев, се за 1,4 % повисоки од 2021 година и се планирани на 272,4 милијарди денари.

Капиталните инвестиции, пишува Заев, се проектирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки за 27% во однос на Буџетот за 2021 година.

Премиерот појаснува дека тековните расходи се намалени за 4,3 милијарди денари во однос на 2021 година.

„Непродуктивните трошења се намалуваат, а ќе се позајмува само за реализација на инвестициски проекти во клучните инфраструктурни области што ќе генерираат економски раст. Ја интензивираме реализацијата на инфраструктурните проекти, во патната, железничката, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.
Продолжуваме и со поддршката на реалниот сектор, преку Ковид програми, за што се издвоени 4,6 милијарди денари, вели во напишаното Заев.

Можете да прочитате

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот