Утрински Весник
Политички Партии

Заев: Петти јули е денот на изборите

Заев: Има простор за разговори, но ако нема договор, избори ќе има согласно законот

 

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Петти јули е денот на изборите, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кого, до тогаш партиите имаат 35 дена да се подготват.

Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи поради спроведување на економските мерки, додаде Заев.

– Токму заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение, а датумот за нивното одржување е веќе завршена работа. Тие ќе се случат на 5 јули, за да добиеме најбрзо што може функционално Собрание и политичка Влада. Проблемите што ги предизвикува Наќе Чулев, мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори. Не е одговорно да ја оставиме државата без Парламент и со техничка Влада во која опозоцијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба, изјави на прес-конференција Заев.

Во таква ситуација, истакна лидерот на СДСМ, изборите остануваат онака како што е пропишано соглансо Уставот и законите.

– Тие да се одржат на 5 јули, 22 дена по завршување на најновата вонредна состојба. Очекувањата на граѓаните од сите нас се да останеме посветени на здравјето, но и на унапредување на економската состојба рече Заев.

Спопред него, со заштитната опрема, маска, марама, физичка дистаца, одржување лична хигиена и внимавање на своето здравје и на сите околу нас и со спроведување на соодветни протоколи, можеме да организираме избори без никаков ризик по здравјето по кој било граѓанин.

Заев потврди дека постоела комуникација помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но оти не бил постигнат договор.

– За жал, не постигнавме договор иако бевме многу блиску, рече тој, истакнувајќи дека експертите потврдуваат оти не постои никаков законски и уставен елемент што може да се земе и врз основа на него да се свика Собранието.

Владата денес, како што рече, е и Парламент и Влада, што не е здраво за демократијата.

– Во такви околности одлучивме да сугерираме поради економските мерки и заради потребата од дополнителни две седмици, заради нивна реализација и поддршка на компаниите и на најсиромашните, донесовме одлука Владата да предложи до претседателот на државата две седмици. Со тоа испративме порака, нема да е ни 14 јуни, ни 28 јуни, ќе биде јули. Правиме последна отстапка. Сите имаат 35 дена да се подготват заради институциите на државата, истакна Заев.

Заев посочи дека иако силината на коронавирусот е ослабната, имаме високи бројки на асимптоматски случаи на Ковид-19, што, според него, укажува дека мерките за заштита не биле почитувани.

По изборите, додаде лидерот на СДСМ, Владата мора да се посвети на економијата.

Заев посочи дека во врвот на СДСМ до денеска се потврдени двајца позитивни на Ковид-19, а утринава е тестиран и премиерот Оливер Спасовски. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт