Утрински Весник
Македонија

Заев: Отворен Балкан e иницијатива за европеизација на регионот

Заев: Отворен Балкан e иницијатива за европеизација на регионот
Dik 300x250 mk

Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ и со албанскиот премиер, Еди Рама на која информираа за резултатите од самитот Отворен Балкан.

Заев потенцираше дека Отворен Балкан како иницијатива e силен придонес кон големите идеи и вредности на Европската Унија, придонес кој, како што рече, регионот не го носи на ниту едно друго место, туку единствено поблиску до самата Унија.

„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, рече Заев на прес-конференцијата.

Премиерот ја истакна поддршката на САД и на ЕУ за оваа иницијатива и подвлече дека истата е потврда за одржлив процес за заеднички економско-политички простор на Западен Балкан, со конкретни придобивки за граѓаните.

Можете да прочитате

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути