Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата

Заев: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата
Img 7972

Премиерот, Зоран Заев, денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (СРС) Мајлинда Брегу, која ја посети нашата земја, како дел од агендата за посета на земјите од регионот.

„На средбата, беше истакната важноста на постојано унапредување на регионалната соработка меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците, земајќи ги предвид потребите во делот на економскиот развој, подобрување на конкурентноста, унапредување на дигиталната инфраструктура и вложување во слободен проток на трговија. Беа истакнати повеќе активности на Советот за регионална соработка, насочени кон олеснување и унапредување на регионалната соработка со цел остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата земја, која е посветена на одржување на пријателски односи со соседите и надминување на економско-здравствената криза“, соопштија од Владата.

Заев изразил уверување дека Владата гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ, унапредување на меѓуетничките и добрососедските односи и продолжување на напорите за економски раст и развој и успешно справување со светската пандемија на вирусот КОВИД-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

Мицковски: Ако Филипче го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии?