Утрински Весник
Македонија

Заев од Тетово: Со НАТО неме веќе војни, ќе има инвестиции и просперитет

Заев од Тетово: Со НАТО неме веќе војни, ќе има инвестиции и просперитет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 26 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме“ во Тетово, им порача на, како што наведе, мајките Македонки, Албанки, Турчинки дека „со НАТО нема веќе војни!“.

– Нашата земја стана членка на НАТО. Почитувани татковци и мајки, дали сте мајки албанки или македонки или турчинки, со НАТО нема повеќе војна, со НАТО нема да се грижите повеќе вашите деца дали ќе гинат, со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи, истакна Заев.

Затоа, нагласи, НАТО е првата наша стратешка цел и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите и на Власите и Бошњаците и на Ромите, на сите.

– Успеавме, и затоа нема веќе партии да доаѓаат пред изборите по сто пати, по илјада пати, по милион пати да ви ветуваат НАТО и ЕУ. Завршена работа е НАТО, како и датум за почеток на преговорите со ЕУ, успеавме заедно, порача Заев на трибината во Тетово на која учествуваше и Билал Касами, лидерот на БЕСА која заедно со СДСМ е дел од Колаиицјата „Можеме“.ас/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Ново рочиште за предметот „Пулс“ – ќе сведочат оштетените