Утрински Весник
Економија

Заев од средбата со ССМ: Владата е на страната на работниците, социјалниот дијалог продолжува

Заев од средбата со ССМ: Владата е на страната на работниците, социјалниот дијалог продолжува

Премиерот Зоран Заев денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателите на неколку грански синдикати од јавниот сектор: Љубиша Каранфиловски на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Миќо Стојановски на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски и на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, во присуство на Слободан Трендафилов од ССМ.

На работниот состанок, остварен на барање на синдикалните лидери беше поздравена поддршката и изразениот слух на Владата за остварување на работничките права и постигнување на социјалниот дијалог во насока на социјално-економска поддршка на работниците.

„Владата останува главен поддржувач на работниците и сметаме дека синдикалното организирање е здраво за државата, како сериозен коректив во функција на балансирање при уредувањето на работничките права, во јавните институции и приватниот сектор“, рече премиерот Заев, кој нагласи дека социјалниот дијалог продолжува.

На темата за работничките права беше истакнат позитивен амбиент во однос на започнувањето на разговорите и преговорите за потпишување на новиот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор, а заклучок е дека е потребно следење на процесите и анализа за донесување најповолни решенија за исплата на К-15, односно регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор, соопштија од владата.

На средбата се разговарало и за унапредување на мерките за надминување на сивата економија, отворање нови работни места и подобар економски статус на сите работници, без разлика дали се во приватниот или јавниот сектор.

Можете да прочитате

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана