Утрински Весник
Македонија

Заев: Ние единствено имаме право да размислуваме за коалицирање со албанските партии

Заев: Ние единствено имаме право да размислуваме за коалицирање со албанските партии

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Ако господинот Мицкоски само помисли да влезе во коалиција предизборно со некоја албанска партија, тој ги подготви неговите гласачи да бидат против тоа и ќе бидат против тоа, затоа тој не може да влезе во некаква коалиција пред изборите. Дури и Албанците во државава кои гласаат, нема да гласаат. Јас кажав, во 21 век има многу отрови, најголемиот отров е национализмот, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека денеска за разлика од нивните противници, имаат единствено право да размислуваат за коалиции со албанските партии, посебно пред избори, затоа што, како што наведе тој, тоа е многу природно и нормално.

Лидерот на СДСМ вели дека одолговлекувањето на опозицијата за донесување на законот за јавно обвинителство ги преминува сите граници.

– Тие знаат дека нема да победат на изборите. За да се дрзнеш вака безобразно, да го штитиш криминалот, ги преминува сите граници. Ова го нема ни во Тунгузија што се случува… Тие знаат дека ќе ги изгубат изборите и затоа калкулираат со ова денеска… Анализите покажуваат што ќе се случи. Не сакам јас никој да оди во затвор ако не се докаже. Сакам и должност е да се осигура, судот да ги носи одлуките на основа на докази и аргументи, ако има секој да си одговара, ако нема секој е слободен. Секој ќе си ја плати цената, а ако немаш став, ќе си останеш подолго во опозиција, истакна Заев. мс/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете