Утрински Весник
Македонија

Заев: Не допираме во туѓите корења и идентитети и не сакаме некој да ги допира нашите

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места

„Не чепкаме во други корења и идентитети, не сакаме никој да ги чепка ниту нашите“, вака премиерот Зоран Заев го објасни компромисот со Бугарија, со објаснување дека вратите на историјата треба да се подзатворат и да се гледа сегашноста. Според Заев, Бугарија треба да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, бидејќи тоа е во корист на нашата држава.

„Пријателите треба едни со други да имаат разбирање. Јас одам таму и ќе понудам поддршка. Бугарија во 2018 година свика Европски самит за Западен Балкан и го сврте вниманието на земјите членки на ЕУ. Треба да се помолиме Бугарија да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија. Секако, секој пат тоа што се наши ставови, ќе бидат разбирањето, во 21 век во кој живееме. Ако навистина сме пријатели, јас често кажувам и браќа, браќата меѓу себе си помагаат, подаваат рака, имаат разбирање еден со друг“, рече Заев.

Тој е дециден дека за македонскиот народ, макдонскиот јазик и корењата – нема да се преговара. Заев тврди дека тоа го кажал и во Брисел, со барање Европа да биде Европа.

„Кажуваме дека историјата е важна, но треба да ја оставиме на историчарите. Ние треба да ја потпомогнеме. Вратите на историјата треба да ги подзатвориме и да дадеме шанса за иднината, отворајќи ги прозорците на иднината. Бидејќи, ќе се створи промаја, ќе ни ја оддува сегашноста. Тоа е политиката која ја водиме во моментот, со целосна почит на историјата, како појдовна основа, гаранција на сегашноста или иднината. Компромисот е дека секоја страна има на свои ставови и да остави времето, историјата да ги решава. Македонскиот јазик и народ, отидовме и во Брисел и секаде каде што треба, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знаеме како да кажеме. Секое наше чувство е наше право. Не само дали е идентитетот или македонскиот јазик, туку и корењата, историјата. Не чепкаме во други корења и идентитети, не сакаме да ги чепне никој. Ги чуваме сите идентитети? Сакам и нашиот да е сочуван. Бараме Европа да биде Европа, а ние ќе испорачуваме аргументи за да не поддржува“, додаде премиерот Заев.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег