Утрински Весник
Македонија

Заев: Нема причини за нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Честитка од премиерот Заев по повод Денот на албанската азбука: Заедно растеме, учиме, се развиваме, 111 години

Скопје, 10  јуни 2020 (МИА) – Вонредната сосотојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули, изјави Заев за весникот „Вечер“.

Вонредната сосотојба, како што посочува претседателот на СДСМ, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив