Премиерот Зоран Заев, оствари средба со неговиот колега од Луксембург Ксавиер Бетел.
На средбата со Бетел, премиерот Заев истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја, за старт на преговорите за членство во ЕУ.
Премиерот Заев како принципиелен го оценил ставот на Луксембург во врска со бугарското вето, како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување, информирааат од неговиот кабинет.
Премиерот Бетел на средбата истакнал дека после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и го поканил премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија, да ги разговараат за време на прошетката низ градот.
Премиерот Заев во Луксембург е придружуван и од министерот за финансии Фатмир Бесими.