Утрински Весник
Македонија

Заев најави државна помош за јавните комунални претпријатија

Заев најави државна помош за јавните комунални претпријатија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државата ќе им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија во тековниот кризен период, истакна премиерот Зоран Заев, на средба со претставници на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ.

На средбата беше разговарано за состојбата и тековните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во земјата и можностите да го одржат квалитетот на услугите кон граѓаните во претстојниот кризен период предизвикан од пандемијата од вирусот Ковид-19.

Претставниците на АДКОМ, на чело со претседателот Зоран Георгиев, го запознаа премиерот со актуелните проблеми и барања на Здружението на даватели на комунални услуги кои се однесуваат на даночни и друг вид финансиски олеснувања и субвенции со цел да ја подобрат ефикасноста на своето работење.

Премиерот и министрите ги разгледаа нивните барања и изразија цврста волја да им се даде силна поддршка во претстојниот период.

„Сите заедно пребродивме една тешка сезона и државата чувствува должност да им помогне на јавните комунални претпријатија. Ние тоа ќе го направиме и преку зајакнување на општините преку следниот пакет за децентрализација“, порача премиерот Заев.

Тој изрази уверување дека Владата, во соработка со државните институции, ќе најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции, а во наредниот период преку еднократна интервентна мерка ќе ги поддржи јавните комунални претпријатија во износ на една минимална плата за вработените.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух