Утрински Весник
Македонија

Заев: Направивме многу, можеме уште повеќе и уште подобро

Заев: Направивме многу, можеме уште повеќе и уште подобро

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Направивме многу. Можеме уште повеќе и уште подобро, тoa е мотото на нашата кампања, тоа е и нашата магија, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во вклучувањето во Дневникот на Канал 5 телевизија.

Заев посочи дека граѓаните ќе знаат да го почитуваат сето тоа што е направено во изминатите две и пол години во кои СДСМ  и владата што ја предводи ги реши сите меѓународни отворени прашања, ги исполни двете стратешки определби и за тоа време, додека се решаваа големите прашања, паралено успеа и да ја зајакне еконмијата, но и да го реформира судството.

– Врз основа на сето она што е досега направено, пред граѓаните излегуваме со понуда со која ќе покажеме дека можеме и уште подобро и уште повеќе. Ќе издвојам само два клучни столба од вкупно шесте кои се  во нашата програма: нова македонска економија и стоп ковид 19. Во новиот мандат обезбедуваме 600 милиони евра за домашни и странски инвестиции, 200 милиони евра годишно за земјоделство и рурален развој. Околу 60 милиони евра обезбедуваме за екологија. Во делот на здравството навистина направивме многу. Реконструирани се 32 здравствени центри низ државата, подигнати се платите во здравството, но треба да продолжиме и натаму со уште поголема поддршка на лекарите и медицинскиот персонал, со вложувања во нови технологии и тоа ќе го правиме во новиот мандат, посочи претседателот Заев. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ