Утрински Весник
Македонија

Заев му ја честита победата на Радев

Заев му ја честита победата на Радев

По победата и освоениот втор претседателски мандат на Румен Радев на изборите во Бугарија, премиерот Зоран Заев соопшти дека му ја честитал победата.

„Во телефонскиот разговор што го имав со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ“, објави Заев на социјалните мрежи.

Во објавата тој додава дека со Радев се согласиле оти Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Левица: ​​​​​​​Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија, но фактите ги побиваат нивните релативизирања – квадратот расте, а секој трет стан е празен