Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, им ја упатуваме нашата огромна благодарност и поддршка на најголемата група на здравствени работници, кои секогаш во првите редови се грижат за здравствените потреби на поединците и заедниците, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
Медицинските сестри, кои најмногу време минуваат со пациентите и со нивните семејства, како што пишува Заев, освен стручната помош, се на местото кога зборот и гестот добиваат посебна исцелителна поткрепа за пациентите и нивните семејства.
-Оваа година, во битката со КОВИД-19, тие го заслужуваат целото наше внимание, вниманието на институциите и на здравствениот систем, пишува Заев на ФБ, честитајќи го 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри. дма/лв/