Утрински Весник
Македонија

Заев – Корчок: Словачка го поддржува напредокот на Северна Македонија кон ЕУ

Заев – Корчок: Словачка го поддржува напредокот на Северна Македонија кон ЕУ

Премиерот, Зоран Заев се сретна со Иван Корчок, министер за надворешни и европски работи на Словачка.

„На состанокот е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава. Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ“, соопшти Владата.

На средбата била изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење и за Унијата и за целиот Западен Балкан и е реафиримиран ставот на Словачка дека билатералните прашања треба да се решаваат независно од европските процеси.

„Наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за евроинтеграциите. Посветени сме на европеизација на државата дома, а на европски начин, низ дијалог и меѓусебно разбирање работиме на прашањата што се во полза на добрососедството. 2020 година беше значајна година за нас, кога станавме членка на НАТО и е донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа отвори простор да се фокусираме на економскиот развој, преку помош и поддршка на граѓаните и стопанството – и во време на пандемијата бележиме раст на просечната плата, како и на нови инвестиции“, рекол премиерот Заев.

На состанокот заеднички било потврдено дека владеењето на правото во секоја држава значи сигурност и за граѓаните и за инвеститорите и дека е меѓу важните предуслови за развој.

Премиерот Заев и словачкиот министер Корчок оцениле дека билатералните односи помеѓу двете држави се добри на политички план, како и е дека постојат можности за унапредување на соработката на економски план.

Заев се заблагодарил на словачката Влада и на граѓаните на Словачка за денешната донација на 4 модерни и технолошки софистицирани респиратори во вкупна вредност од 100.000 евра, за донацијата од 200.000 евра преку ЕУ механизмот за цивилна заштита во октомври 2020 година, како и за пријателската поддршка од Словачка на Република Северна Македонија, во сите области.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип