Утрински Весник
Македонија

Заев и црногорскиот премиер се заложија за уште понагласена соработка

Заев и црногорскиот премиер се заложија за уште понагласена соработка

Премиерот Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер, Здравко Кривокапиќ.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери ги потенцирале извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Северна Македонија.

„Соговорниците изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките“, се наведува во соопштението за средбата.

Се разговарало и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на владите и институциите, со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.

Можете да прочитате

Најтопло денеска во Скопје – 24info.mk

Србинка изнајмила стан во Центар, сопственикот ја нападнал и ја допирал по телото, а потоа и пишувал и пораки!

Во Итната помош во Кочани нападната лекарка