Утрински Весник
Македонија

Заев и новоименуваната амбасадорка на Данска: сојузништвото во НАТО треба да поттикне и економска соработка

Заев и новоименуваната амбасадорка на Данска: сојузништвото во НАТО треба да поттикне и економска соработка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата Зоран Заев ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска во нашата земја, нејзината екселенција Сузан Шајн.

Toj ѝ го честиташе назначувањето на амбасадорката Шајн и ja реафирмираше определбата на двете земји за интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес, со интензивирање на контактите на високо и највисоко ниво на претставници на државните врвови на Северна Македонија и Данска.

Претседателот на Владата ја информираше амбасадорката Шајн за приоритетите на новоизбраниот владин состав меѓу кои доминираат остварувањето на обврските на земјата како членка на НАТО, интензивните подготовки на рамката за преговори и за организирање на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како и справувањето со КОВИД-19 и политиките за одржлив економски развој во услови на пандемија и подготовките за рестарт на економијата.

На средбата беше истакната одличната соработка меѓу двете земји во НАТО и беше нагласена заедничката согласност дека како придобивка од оваа соработка и сојузништвото во НАТО, Северна Македонија и Данска треба да ја поттикнат и економската соработка.

Во таа насока, новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска Сузан Шајн потенцираше дека нејзина првична обврска е да подготви портфолио за можностите за инвестирање во Северна Македонија и да ги запознае компаниите во нејзината земја за да го поттикне интересот за инвестиции, особено откако со членството во НАТО земјата е стабилна и сигурна дестинација за странски вложувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје