Утрински Весник
Македонија

Заев и Мицкоски во домашна изолација поради контакт со заболен од ковид – 19

Филипче: Единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на коронавирусот

 

Скоипје, 9 април 2020 (МИА) – Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче појасни дека по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид вирусот кој во текот на минатата недела имаше тв интервју со Заев и со Мицкоски, двајцата се.тестирани.

-Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до иестот на 14 дена од последниот контактот со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Заев со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по информациите е ставен во домашна изолација, рече Филипче.

Новинарот е во стабилна здарвствена состојба и е на лекување во болницата „8 Септември“.

Во текот на денот ќе се направат анекти и со точниот наод и бројката на лица кои ќе одат во самоизоација ќе оценат епидемиолозите, рече Филипче и најави повеќе информации на следната прес-конференција во текот на денот.

Заев и Мицкоски минатата недела гостуваа на ТВ Канал 5. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните