Утрински Весник
Македонија

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува премиерот, Зоран Заев, на социјалните мрежи.

Премиерот упати честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари.

„Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа индустрија ќе ги плаќа кон државата и со тоа кон граѓаните како резултат на профитот од извозот на цветот од медицински канабис. Од нивните давачки кон државата ќе ги поддржиме лекувањата на лицата со ретки болести, ќе основаме медиумски фонд за продукција на домашни содржини, како и проекти од областа на културата, спортот и проекти на граѓанскиот сектор, но и работата на Агенцијата за канабис. Оваа можност ќе ја обезбедиме низ строга регулатива исклучиво согласно ЕУ стандарди и правила“, пишува Заев.

Како што вели, од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места.

„Да бидеме пред останатите во регионот, да ги следиме современите текови и економските преструктуирања, бидејќи одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да помогнат. Во таа смисла, ја поздравувам и поддржувам и работата на работната група за декриминализација на канабисот координирана од Владата и верувам дека низ инклузивен процес ќе се дефинираат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис“, додава Заев.

Можете да прочитате

Кривична пријава е поднесена против маж од Ново Село кој врза дете и го снимаше со мобилен

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО го продолжи рокот за имплементација на корективните мерки за Охридскиот Регион

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши меѓународните позиции на државата