Утрински Весник
Македонија

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал, вели Заев.

„Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство. ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството“, додава Заев.

Извештајот, според него, потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.

„Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено