Утрински Весник
Македонија

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за Влада, сите опции се отворени

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за Влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во идните денови ќе се разговара со сите политички партии за состав на нова Влада, а за 10 до 15 дена очекува да има исход од преговорите. Тој кажа дека коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада со ДУИ, Алијанса и Алтернатива, но додаде дека тоа зависи од отстранување на национализмите, прочистувањето на правосудството, проверка на имотот и капиталот на секој еден функционер којшто е избран и кадровскиот потенцијал.

„Сите опции се отворени во преговарачкиот процес.Ќе разговараме за влада која е решена и којашто ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа. Секој ќе ја носи својата одговорност, без разлика дали е познат или непознат, експерт, функционер. Особено внимание ќе посветиме на проверката на потеклото на парите и капитал и прочистување на судството. Еко држава ќе биде една од најсериозните теми на која ќе се посветиме. Идните чинители во идната Влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Владата за која ќе разговараме ќе води грижа за најсиромашните граѓани, ќе даваме поддршка на економскиот сектор. Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори, поставени на сериозни принципи кои ќе донесат Влада којашто ќе движи напред. Влада посветена на економијата и правдата. Влада којашто ги отвора преговорите за членство со ЕУ, Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја“, рече Заев.

Од денеска членови на партиите ќе имаат состаноци со сите партии од албанскиот политички блок, а Заев кажа дека на првите средби не се очекува напредок во преговорите.

„Очекувам дека за 10 до 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме сите македонски институции во полн капацитет за да може да се справуваат со најголемиот предизвик- Ковид-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болници, нова борба за јавното здравје и економскиот напредок. Не чека двојно повеќе и подобра работа со ангажман на секој од нас“, додаде Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице