Утрински Весник
Македонија

Заев за реакцијата на Чешка и Словачка: Драго ми е што сѐ уште има европско во ЕУ

Заев за реакцијата на Чешка и Словачка: Драго ми е што сѐ уште има европско во ЕУ
Dik 300x250 mk

Ние политичарите треба да знаеме што правиме со историјата што ја пишуваме денеска за да им оставиме на идните генерации аманет на пријателство и заедништво, а не делби. Ова го истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за последниот развој на настаните во врска со блокирањето на процесот на проширување на ЕУ.

„Наша задача е да одиме напред. Да чекориме напред и јас верувам дека најбрзо можно ќе се создадат услови. Ние не се откажуваме“, рече Заев, додавајќи дека на проблемот со блокадата ќе се работи интензивно по празниците.

Во однос на реакциите на Словачка и Чешка, Заев рече дека му е драго што сѐ уште има европско во Европската Унија. Најмалку што смее да направи ЕУ, вели Заев, е да ги изгуби европските вредности и принципи.

„Се надевам дека тој дух ЕУ ќе продолжи да го испраќа кон нас земјите кандидати за членство затоа што ние немаме друга алтернатива. Како што сум кажал и порано, се надевам дека ЕУ нема да го изгасне светлото во мракот за да не бидеме изгубени. Таа водилка нашата мотивација и за реформите, и за да бидеме подобри граѓани, за да си ја европеизираме државата, да го средиме правосудниот систем, да имаме сила и енергија да градиме за нашите деца, за идните генерации, да го осовремениме здравството, да ја подобриме уште повеќе инфраструктурата“, додаде Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно