Утрински Весник
Македонија

Заев за непочитувањето на протоколите на митинзите: Граѓаните кои доаѓаат не внимаваат на оддалеченоста

Заев за непочитувањето на протоколите на митинзите: Граѓаните кои доаѓаат не внимаваат на оддалеченоста

Протоколите за заштита од коронавирусот не се почитуваат во целост од ниту една од партиите кои одржуваат собири и митинзи. Премиерот Зоран Заев прашан дали можеби тоа е договор меѓу партиите, негираше. На собирите, граѓаните седат без дистанца и маски, политичарите се прегрнуваат меѓусебно. Засега, никој не кажа ниту дека му побарале и сертификат за вакцинација за да присуствува на митинг, иако тоа е предвидено со протоколите.

„Јас ќе апелирам за да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа распоредот на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што дополнително луѓе од страна кои доаѓаат, не ја пазат неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме се за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи во предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.

Политичките партии секојдневно одржуваат собири ширум Македонија. Дел од нив, се и во затворени простории во партиски простории. За прекршување на мерките против заштита од корона, се дознава од фотографиите кои партиите сами ги споделуваат на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот