Утрински Весник
Македонија

Заев: Експлозија го предизвикала пожарот во ковид – центарот во Тетово

Заев: Експлозија го предизвикала пожарот во ковид – центарот во Тетово
Dik 300x250 mk

Експлозија го предизвикала пожарот во ковид – центарот во Тетово во кој загинаа најмалку десет лица.

Премиерот, Зоран Заев, на „Фејсбук“ напиша дека борбата за живот трае сѐ уште.

„Огромна трагедија се случи во тетовскиот Ковид-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените“, напиша Заев.

Тој додава дека причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

„Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово“, напиша Заев.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман