Утрински Весник
Македонија

Заев доби плакета за негување на вредностите на антифашистичката борба

Заев доби плакета за негување на вредностите на антифашистичката борба
Dik 300x250 mk

На премиерот Зоран Заев, во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Денот на народното востание и по повод 80-годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот значаен придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба.

Како што информираат од владината прес-служба, плакетата на Заев му ја врачил претседателот на српскиот Сојуз на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР), Видосав Ковачевиќ.

„На средбата која по тој повод ги собра ветераните од поранешните југословенски републики беа споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговараше за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век“, се наведува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив