Утрински Весник
Македонија

Заев: Да се воздржиме од посета на црквите и молитвата да ја упатиме во нашите домови

Заев: Да се воздржиме од посета на црквите и молитвата да ја упатиме во нашите домови

Денешниот ден, Велики Петок, во пресрет на најголемиот православен христијански празник на победата на животот над смртта, наместо во храмовите да го поминеме дома, во кругот на семејството, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Во пораката Заев вели граѓаните да се воздржат од посета на црквите и манастирите а благодарната молитва да ја упатат во домовите и во кругот на семејствата.

„Денешниот ден, Велики Петок, во пресрет на најголемиот православен христијански празник на победата на животот над смртта, наместо во храмовите да го поминеме дома, во кругот на семејството.
И оваа година да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови и во кругот на нашите семејства да го дочекаме светлиот ден – Воскресение, кога нашите срца ќе бидат преплавени со вечната светлина и надеж од веста за победата на животот над смртта, и со нова, обновувачка сила да извојуваме победа против искушенијата со вирусот.
Ако сепак одлучите да одите во црква, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание, со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите.
Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото Воскресение“

Премиерот во пораката пишува дека доколку граѓаните сепак одлучат да одат во црква, тогаш да ги послушаат препораките на свештенството и тоа да го направат со најголемо внимание и со придржување на мерките за заштита од коронавирус.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога