Утрински Весник
Македонија

Заев го поднесе предлогот за Влада до Собранието: Сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден

Заев го поднесе предлогот за Влада до Собранието: Сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го поднесе предлогот за Влада со Собранието, а пратениците ќе треба да ја изгласаат на пленарна седница која треба да ја закаже претседателот Талат Џафери. Тој напомена дека кадрите се согласно мнозинската волја на граѓаните, а пак, 19 министри кои се предложни, според Заев, се спремни да сработат се што ветиле во следните четири години.

„ На изборите на 15 јули, на фер и демократски избори народот го кажа својот став кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма согласно мнозинската волја. Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна влада, која ќе гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членството во НАТО и ЕУ, добрите меѓусоседски односи, внатрешната кохезија, справување со коронавирусот и нова енергија, решителност во созревањето на одржлив развој, ефикасна правна држава, модерно образование и силни институции. Денеска како мандатор до Собранието доставуваме предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четири годишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки, сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште подобро и уште повеќе. Сите заедно да ги удвоивме нашите напори и да го направиме секое населено место за подобра средина за живеење“, рече Заев.

Тој посочи дека очекува кадрите кои ги предлага да го добијат мнозинството гласови, по што, следната недела, државата да го добие новиот состав на Владата.

„ Денеска до Собранието предлагам одговорни, професионални и отчетни кадри кои ќе ги задолжам со конкретна мисија и цели, во ваше име. Кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација за нашата земја. Очекувам претседателот Талат Џафери да даде доволно време, пратениците да се запознаат со програмата, но исто така и со биографиите на предложените кандидати. Очекуваме квалитетна дебата во Собранието и дека овие предлози ќе го добијат потребното мнозинство, по што веќе, следната недела, Северна Македонија ќе ја добие новата Влада посветена на реализација на програмските определби“, додаде Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!