Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев ги пречека фудбалерите: „Еден гол за сите, една победа за сите“

Заев ги пречека фудбалерите: „Еден гол за сите, една победа за сите“
300x250 opst2

Mакедонската фудбалска репрезентација која од Тбилиси синоќа слета во Приштина по историскиот пласман на Европското првенство, беше пречекана од премиерот Зоран Заев на граничниот премин Блаце.

Заедно со Заев, на пречекот дојдоа и првиот вицепремиер Артан Груби како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

„Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство. Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација. Еден гол за сите, една победа за сите. Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден“, рече Заев.

Како што додаде, тој и првиот вицепремиер Артан Груби дошле да ги пречекаат фудбалерите за да ја споделат радоста и да им соопштат дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

Ова е успех достоен за големо славење, рече Заев, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои забрануваат собири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти