Утрински Весник
Економија

Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1

Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.

– Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации, наведува Заев.

Тој посочува дека економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

– Владата предводена од СДСМ преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, додава Заев во објавата на Фејсбук. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ