Утрински Весник
Македонија

Заев во разговор со регионалниот директор на СЗО: Добивме 8.000 вакцини од Србија, тие се за здравствените работници

Заев во разговор со регионалниот директор на СЗО: Добивме 8.000 вакцини од Србија, тие се за здравствените работници

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге и сo претставници на СЗО.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле истакнати напорите на СЗО, нејзините партнери и нашата земја за динамизирање на постапката за обезбедување на вакцини преку „Ковакс“ програмата, при што бил истакнат аспектот на почитување на основните вредности кои притоа се покажуваат, а тоа е пријателството и солидарноста на европските земји и земјите во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Заев информирал за 8.000 дози вакцини кои ќе пристигнат од Србија и кои ќе бидат наменети за сите здравствени и медицински работници, на кои заедно со претставникот на СЗО им упатиле јавна благодарност за покажаната хуманост и пожртвуваност во изминатите месеци додека трае епидемијата.

Во фокусот на разговорот биле и информациите за актуелната состојба во Северна Македонија со заразени од коронавирусот.

„За време на празниците, овде во Северна Македонија беа воведени димензионирани мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се амортизира ударот кон здравствениот систем и поддршката од граѓаните, со целосно почитување на мерките, доведе до тоа сега да имаме стагнација на ширењето на вирусот“, рекол Заев додавајќи дека и понатаму остануваат во сила мерките и препораките со цел заштита на населението и здравствениот систем.

Претставникот на СЗО ја истакнал добрата соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, притоа упатувајќи поддршка за кооперативноста на Северна Македонија во рамките на Берлинскиот процес, изразувајќи надеж дека ќе продолжи и ќе се динамизира координацијата со земјите од Западниот Балкан и Европската Унија за успешно справување со ковид-кризата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Платформа за родова еднаквост: Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

ИВЗ се противи битолската „Јени џамија“ да биде музеј

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука