Утрински Весник
Политички Партии

Заев во посета на Дојран – Го чуваме Дојранското Езеро, се реконструира пречистителната станица и се финализира браната Конско

Заев во посета на Дојран – Го чуваме Дојранското Езеро, се реконструира пречистителната станица и се финализира браната Конско

 

Скопје, 29 јули 2020 (МИА) – До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското Езеро, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев при денешната посета на Дојран.
Тој оцени дека е важно да се чува еко-средината во и околу Езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран.
Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од пет милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк во Дојран со површина 35 илјади метри квадратни и финансиска помош од ЕУ и Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност и Општина Дојран.
-Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“  и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата, потенцира Заев. скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт