Утрински Весник
Македонија

Заев: Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани

226252109 10159878672397932 3077970755033016597 n
Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица.
Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста.
Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.
Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот.
Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето.
Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици.
Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев

Можете да прочитате

Вечерва гледајте во небото – Ќе има феномен кој го нема повеќе од една деценија

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,4 отсто во вториот квартал, градежништвото порасна за 7,3, а транспорт и складирање за 6 отсто

Времен режим на сообраќај на патен правец Гостивар – Тетово и делница Гостивар – Стража