Утрински Весник
Економија

Заев во Кавадарци: Ќе најдеме решение за откупните цени иако корона-кризата ја намали побарувачката за вино

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа го посетија Кавадарци за да одржат средба со лозарите, во однос на откупните цени на виното во услови на намалена побарувачка поради корона-кризата.

„Година состојбата со лозарството е тешка, затоа што затворени се угостителските објекти подолг период и дома, но и во земјите кои ни се традиционални партнери и тоа предизвика да имаме 55 милиони литри вино во визбите, за разлика од лани овој период кога имаше 30-35 милиони литри. Тоа предизвикува загрижувачка состојба за сите нас. Годинава имаме и болест, околу 20-30 отсто од лозовите насади се зафатени со болеста ‘бутритис’“, посочи премиерот пред средбата и додаде дека дојден е во Кавадарци за да се изнајде фер решение, за лозарите, за визбите и за државата.

Заев потсети дека веќе имало разговари со македонските визби, кадешто биле утврдени одредени цени, но рече и дека периодов се појавуваат различни аспекти на поставувањето на цените.

„Сакам да знаат граѓаните дека годинава тоа што го договоривме со визбите на работниот состанок беше да ја постигнеме ланската цена, каде што логично е дека државата треба да направи дополнителна интервенција заради тоа што откупните цени ќе бидат пониски“, објасни премиерот.

Додаде дека проблемот се јавува доминантно кај Вранецот и Смедеревката.

„Договоривме откупна цена на Вранецот од 11 денари, додека за Смедеревката од 9 денари, каде државата ќе интервенира со 2+2 денари, вкупно со 4 денари за да ги постигнеме конечните цени во приход за лозарите од 15 денари за Вранец и 13 денари за Смедеревка. Дополнително утврдивме и смогнавме сили да најдеме 2 денари за високосортните грозја, како што е Ризлингот и другите сорти, кадешто покриваме количина од 10 милиони литри, односно 10 милиони килограми, што е издаток од дополнителни 20 милиони денари. Целата оваа дополнителна интервенција на 80 милиони килограми (за Вранец и Смедеревка) и 10 милиони килограми за високо сортното грозје дополнително ќе ја чини државата околу 340 милиони денари или 5,5 милиони евра“, кажа Заев и вети дека ќе има плодна и одговорна дебата со лозарите и претставниците на здруженијата на лозарите, на којашто ќе се најдат решенија.

 

 

 

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен