Утрински Весник
Македонија

Заев: Во духот на идеалите на Делчев градиме демократска и економски напредна држава

Заев: Во духот на идеалите на Делчев градиме демократска и економски напредна држава

На денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, напиша на социјачните мрежи премиерот Зоран Заев.

Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело –…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 04 февруари 2021

„Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност“, нагласува Заев во својата објава.

Премиерот посочува и дека идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која, како што вели, денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери