Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев во Атина-ќе биде потпишан Договор за интерконекција за пренос на природен гас

Заев во Атина-ќе биде потпишан Договор за интерконекција за пренос на природен гас
Img 7972

Премиерот Зоран Заев денеска според најавите од владините служби ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

Денеска, како што соопштија од кабинетот на Заев, ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

На економскиот форум во Атина, присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Економската соработка меѓу двете земји по потпишување на Договорот од Преспа се зацврстува и интензивира, е истакнато во владиното соопштение.

Инаку премиерот Заев присуствуваше и на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

На гала вечерата присуствуваа министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.

Можете да прочитате

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

Кочанчанец се заканувал на адвокати – кривично ќе одговара

79 годишен велешанец, прв македонец кој ќе носи алка наместо да лежи во затвор