Утрински Весник
Македонија

Заев: Во април ќе пристигнат вакцини од Европската Унија

Заев: Во април ќе пристигнат вакцини од Европската Унија

Европската Унија обезбедила над 600.000 вакцини за Западен Балкан, а дел од нив ќе пристигнат во Македонија во април. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, кој телефонски разговарал со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија“, соопшти Заев.

???? Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, March 27, 2021

Заеднички  било констатирано дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје. За време на разговорот била потврдена обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!