Утрински Весник
Македонија

Заев: Владата континуирано ги подобрува условите за достоинствено живеење на пензионерите

Заев: Владата континуирано ги подобрува условите за достоинствено живеење на пензионерите

Премиерот Зоран Заев, денеска ја отвори 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Северна Македонија. Во своето обраќање тој ги поздрави пензионерите истакнувајќи ја нивната важна улога како градители на нашето општество.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Да им овозможиме достоинствени услови за живот. Заедно со Министерството за труд и социјална политика ги исправивме неправдите и сега два пати годишно има усогласување на пензиите со трошоците на живот. Ова законско усогласување од една страна ги усогласува пензиите со трошоците на живот, од друга страна го штити фондот за ПИОМ за да можат и идните генерации пензионери да очекуваат стабилни и навремени исплати на своите пензии. Со доследна примена на законските одредби и со начинот на дополнително усогласување на пензиите, во 2020 година пензиите се зголемија за 722 денари, линеарно за сите корисници на пензија, дури и во услови на економска криза заради пандемијата. Убеден сум дека ова усогласување на пензиите ќе продолжи и во оваа година“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Тој потенцира дека грижата за пензионерите и подобрување на животниот стандард останува обврска на владата.

На денешниот настан, му претходеа серија на 8 регионални ревии низ различни локации во нашата земја.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор