Утрински Весник
Македонија

Заев вели дека останува оптимист и покрај можноста да нема договор со Бугарија

Заев вели дека останува оптимист и покрај можноста да нема договор со Бугарија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Зоран Заев вели дека останува оптимист иако постои голема веројатност да не постигнеме договор со Бугарија.

„Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што на 11 октомври, празникот, го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Р.С. Македонија и Европската Унија“, рече Заев.

Ние, додаде тој, продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни.

Заев вели дека во Собранието не се отвора расправа за спорот со Бугарија бидејќи разговорите се во финална фаза и според него тоа опозицијата може да го искористи за да добие политички поени.

„Имаме обврска државата да оди напред и да успева, би било дегутантно било што да направиме што процесот на разговори може да го доведе во прашање“, рече Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!