Утрински Весник
Македонија

Заев – Борел: Никој нема забелешки за реформите на Северна Македонија, граѓаните заслужуваат европска иднина

Заев – Борел: Никој нема забелешки за реформите на Северна Македонија, граѓаните заслужуваат европска иднина

Претседателот на Владата Зоран Заев како дел од својата агенда на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Словенија оствари билатерална средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика на ЕУ Џозеп Борел.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев ја изрази неговата и благодарноста на Владата на Северна Македонија за личната поддршка на потпретседателот на ЕК за почеток на пристапните преговори за нашата земја со ЕУ.

Премиерот Заев истакна дека блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и за Албанија во целиот регион се оценува како сериозно назадување и удар врз довербата во целата ЕУ.

Потпретседателот Борел и премиерот Заев заеднички констатираа дека Северна Македонија ги исполнува сите зацртани реформи и дека никој нема забелешка на тоа поле, со што македонските граѓани во целост ја имаат заслужено својата европска перспектива.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено