Утрински Весник
Македонија

Задолжителен карантин за сите патници од Африка

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Владата донесе одлука за 14-дневен карантин за сите патници кои доаѓаат во земјава од Африка, соопшти премиерот Зоран Заев.

„Се воведува задолжителен домашен карантин за лицата кои се враќаат од африканските држави и да се обезбеди карантин, односно објект за странци кои доаѓаат од овие држави за државен карантин“, соопшти Заев.

Патниците од земјите од африканскиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14-дневна домашна изолација.

За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африка кои транзитираат низ територијата на Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на  изјава за транзитирање.

Овие мерки се преземени поради појавата на јужноафриканскиот вид на коронавирусот кој сè уште не е доволно истражен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Власта го одби нашиот амандман за квалитетен топол, бесплатен или субвенциониран оброк за основните училишта

Кривична пријава за изборен поткуп за двајца охриѓани

Со шприц полн пестицид сакал да ја отруе сопругата, ОЈО бара притвор