Лекарите задолжени за здравјето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални велат дека „може да умре за неколку дена“ доколку не му биде укажана соодветна грижа.
Лекарите тврдат, пишува Би-Би-Си, дека неговите најнови откритија во крвта покажуваат дека тој може да умре од срцев удар или откажување на бубрезите во секој момент.
Навални штрајкува со глад веќе 19 дена, со цел да добие соодветни лекови за акутна болка во грбот и вкочанетост на нозете.
Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, вели дека нема да дозволи Навални да умре во затвор. Познаиот критичар на Путин заврши во затвор во февруари.
Четворица лекари, вклучувајќи ја и неговата лична докторка, Анастасија Васиjeева, и пишале на управата во затворот. Тие бараат дозвола итно да го посетат Навални, а во писмото наведуваат дека нивото на калиум во крвта станало критично.
„Ова значи нарушена бубрежна функција и сериозни проблеми со срцето кои може да се појават во секое време “, изјавија тие.
Се наведува дека нивото на калиум во крвта е многу високо и бара итен третман.
Келин го обвини опозиционерот дека сака да привлече внимание, жалејќи се дека еден ден го боли левата рака, а другиот боли левата нога.
„Да се однесуваше нормално, ќе имаше шанса да биде ослободен порано“, рече тој.
Вашингтон предупреди во неделата дека тоа ќе биде последица на Русија доколку Навални умре, а министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за случајот на состанок во понеделник.