Утрински Весник
Македонија

Загина 36-годишен битолчанец во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Во сообраќајка на патот Велес-Штип двајца повредени

Триесет и шестгодишен битолчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на магистралниот пат Битола – Прилеп.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 05.25 часот кога комбе, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДУИ предлага ваучер од 3.000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење

 Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Тешко повреден пешак во Куманово