Утрински Весник
Македонија

Загина четиригодишно дете во сообраќајка во село Банско

Починало 14-годишно девојче во базен во Битола
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Четиригодишно дете вчера загина откако во него и во уште три малолетни лица пред здравствената амбуланта во струмичкото село Банско удрило патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен пешак.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14:10 часот пред здравствена амбуланта во село Банско, струмичко, М.Н.(25) од селото, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на четири, девет, 14 и 17 години, сите од селото Банско, а потоа во електричен столб.

– По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди, се наведува во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица. мс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади