Утрински Весник
Македонија

Загина државјанин на Северна Македонија во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Белград

Во сообраќајки во Скопје тешко повредени тројца пешаци и велосипедист
Dik 300x250 mk

Белград, 19 март 2020 (МИА) – Државјанин на Северна Македонија на возраст од 35 години загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на автопатската клучка кај Белград во смерот кон Добановци, кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба.

Во истата несреќа, што се случи синоќа, четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош. Несреќата е предизвикана од камион кој се движел во конвој, но за причините за несреќата ќе утврди со истрага, соопштија од српското МВР.

Во несреќата учествувале четири возила од конвојот, меѓу кои и возач од Полска, за кој постои сомнение дека ја предизвикал несреќата. На него му е одреден притвор до 48 часа.

Инаку, камионите што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и тие не смеат да застануваат таму каде што сакаат, туку само на местата предвидени за таа намена. об/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат