Утрински Весник
Македонија

Загинал скопјанец кај Жировница, излетал од коловозот

На 18.08.2022 во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во месноста „Жировничко анче“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Ј.(67) од Скопје излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место.

Смрт констатирал лекар од Здравствен дом Ростуше.

Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на несреќата.

Можете да прочитате

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег