Утрински Весник
Македонија

Завршува реализацијата на прекуграничниот проект „Заштита на жителите долж две реки” во Берово

Завршува реализацијата на прекуграничниот проект „Заштита на жителите долж две реки” во Берово

Берово, 9 јуни 2020 (МИА) – Завршува реализацијата на прекуграничниот проект „Заштита на жителите долж две реки” во Берово. Како што информира денеска градоначалникот Звонко Пекевски, станува збор за капитален проект што се реализира преку Интеррег ИПА програмата на Европска Унија.
-Уште еден капитален инфраструктурен проект е во завршна фаза. Проектот кој го прави Берово уште поубаво место за живеење и поатрактивна дестинација за туристите, а со неговата реализација е опфатена реконструкцијата на речното корито на кејот на река Брегалница, на потегот од патот до мостот на сточниот пазар, истална Пекевски на денешната прес-конференција.
Планот на проектот, како што додаде, е да биде завршен до крајот на октомври оваа година.
-Како дел од Интеррегионална ИПА прекугранична соработка на Македонија – Бугарија за реализација на проектот беа издвоени 198.000 евра, како поддршка на Европската Унија. Ваквото градење по план, е во насока на обезбедување на поквалитетен живот на граѓаните, додаде Пекевски.
Реализацијата на активноста, како што дополнија од општината е со партнерство на бугарската општина Струмјани, каде исто така се предвидени инфраструктурни актовности за подобрување на речното корито на Цапаревска река.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете