Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Завршни зборови на одбраната за случајот „Рекет“

Завршни зборови на одбраната за случајот „Рекет“
300x250 opst2

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Во Кривичнот суд во Скопје денеска продолжува рочиштето за предметот „Рекет“, на кое завршни зборови ќе дават одбраната на првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

По завршните зборови претседателката на судечкиот совет, судијката Васка Николовска-Масевска треба да закаже ново рочиште на кое ќе биде изнесена пресудата.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде што првпат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски-Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука). аа/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ