Утрински Весник
Магазин

Завршни зборови на адвокатот: Деп беше жртва на насилничката Херд

Завршни зборови на адвокатот: Деп беше жртва на насилничката Херд

Џони Деп бил жртва на измислени обвиненија и физичко насилство од неговата поранешна сопруга Амбер Херд, изјави адвокатот на холивудскиот актер во завршниот говор пред лондонскиот Висок суд во вторникот, последниот ден од тринеделниот судски процес за клевета инициран од Деп против британскиот таблоид „Сан“.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ ги тужи издавачите на „Сан“, News Group Newspapers, и новинарот Дан Вутон за статија од 2018 година во која го нарекува тепач на сопруга.

Деп (57) и неговата поранешна сопруга Амбер Херд (34) двајцата дадоа докази на судењето. Тој тврди дека никогаш не бил насилен кон Херд или која било друга жена и дека всушност таа била насилникот во нивниот брак.

Во завршниот говор, адвокатот на Деп, Дејвид Шерборн, рече дека додека Деп бил искрен во врска со користењето на дрога или алкохол, Херд не признала дека и таа користела наркотици и алкохол ниту пак ги спомнала нејзините проблеми со бес и љубомора кон него.

„Таа е насилник, а не г-дин Деп. Тој не тепа жена“, рече Шерборн во судот.

„Херд е целосно неверодостоен сведок и компулсивна лажливка која што скрои своја приказна во обид да ги побие доказите против неа и лажеше за повредите за кои тврди дека ги претрпела,“ додаде тој во завршниот говор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста