Утрински Весник
Македонија

Завршни зборови за „Транспортер“ на 2 март

Завршни зборови за „Транспортер“ на 2 март

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Судењето за случајот „Транспортер“ продолжува на 2 март, кога треба завршни зборови да дава обвинителството.

Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај

Палевски негира вина: „Ниту сум ја видел Вања, ниту сум бил кај Панче“

Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за економија и извоз на Велика Британија, Герет Томас