Утрински Весник
Македонија

Завршните оценки според постигнатиот успех во редовната настава, но и од активното онлајн учество

Завршните оценки според постигнатиот успех во редовната настава, но и од активното онлајн учество

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година преку редовната настава, како и преку активно учество на онлајн-платформите и мрежите, е-портфолиото.

Ќе се засноваат и на други начини за бележење на нивните трудови – белешки водени од наставниците, кои можат да се добијат преку разни видови размена на трудови (домашна работа, вежби и проверки, есеи, проекти, презентации, цртежи, слики и др.) кои учениците може да им ги обезбедат на наставнците преку е-пошта или преку избрана мрежна платформа.

Сите формативни оценки и согледувања на наставникот во текот на реализацијата на онлајн-наставата ќе се користат за формирање на сумативнаа оценка за трето тримесечје на секој ученик во паралелка. Оценките за третото тримесечје (описни за ученците од прво до шесто и бројчани за ученици од седмо до деветто одделение)  наставникот ги внесува во соодветниот  Евидентен лист (објавен на веб-страницата на Бирото за развој на образованието).

И во основното, и во средното образоване, наставникот ќе ги користи оценките од прво тримесечје, прво полугодие и трето тримесечје  за да ја формира оценката на крајот на наставната година. (Кај основците – описна оценка за учениците од прво до трето и бројчана за учениците од четврто до деветто одделение). Сите оценки за време на вонредната состојба наставниците ги внесуваат во Е-дневник.

Во Упатството наменето за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на учење на далечина односно од дома,  потпишано од министерот Арбер Адеми, кое МОН го објави на веб-страницата, наведено е дека планирањето, организацијата и реализацијата на наставата при учење од далечина треба да се приспособи и спроведе на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати од учениците согласно со наставните програми.

-Наставниците од основните и средните училишта треба да ја приспособат секојдневната пракса, да вложат дополнителна работа, да соработуваат со колеги, родители/старатели, и да преземат одговорност за својата работа, стои меѓу другото во упатството.

Реализација на наставата преку далечинско учење од дома подразбира модификација на планирањето и начинот на реализација на наставата со користење пристап, методи и техники соодветни за овој вид настава, а во согласност што ги нудат електронските платформи (на училиштата, општините и/ или на МОН) како и за начинот на следење, проверување и оценување на постигнувањата на учениците. Се користат дигитални алатки за интеракција, подготовка на визуелни и анимирани задачи, квизови, решавање проблемски ситуации итн. но сè да биде во согласност со дефенираните цели во наставните програми.

Проверувањето и оценувањето, исто така, треба да биде испланирано согласно со условите, при што, во овие услови, предност му се дава на формативното оценување со кое наставниците го следат ученикот како го усвојува материјалот, дали ги постигнува очекуваните резултати и врз основа на тие согледувања му дава дополнителни насоки и совети преку дополнителни активности.

Форматвното оценување бара и поголема интеракција меѓу наставниците и учениците и за да профункционира треба да се користат спомнатите пристапи, методи и форми на работа за учениците да можат да истражуваат, соработуваат меѓу себе… Корисни се вибер или скајп-диксуии, мултимаедијални презентации, тестови на знаење, есејски прашања, согласно со наставните програми, а може да се користат  разлилни дигитални алатки, како  Edmondo, Zoom, Google Forms, OneNote, Мој глас итн.

Еден од начините за формативно оцеување при учење од далечина е и електронското портфолио (е-портфолио) за секој ученик (збирка на трудови, изработки што ги покажуваат постигнатите резултати).

– Тестовите не треба да се обемни и се препорачува да содржат најмногу десетина суштински задачи или прашања, се препорачува во упатството од ресорното министерство.

Сите информации и добиени материјали од учениците ги користи само наставникот, исклучиво за следење на воспитно-образовниот процес  и за оценување на постигнувањата на учениците.

Во уптаството од Министерството за образование и наука наменето за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на учење на далечина односно од дома,  се посочува дека според  уредбите од 26-тата седница на Владата, и во изменети услови на реализација на наставата, треба да се почитуваат членови од постојните закони за основно и за средно образование. Според член 138 од Законот за основно образование, постигањата на учениците се проверуваат формативно и сумативно и се запишуваат со описн и/или бројчани оценки, а според член 45 Законот за средно образование, следењето и проверувањето на постигнувањата и успехот на учениците се врши со интерно проверување од страна на наставниците.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука во наредниот период според условите ќе ги надополнуваат упатствата до наставниците за проверка на знаењето на учениците. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!